(Видео) Светлосна топка на небото ги исплаши Канаѓаните

(Видео) Светлосна топка на небото ги исплаши Канаѓаните

пред 3 години

Голема огнена кугла го осветли небото над канадската покраина Алберта. Населението кое живее таму, а кое ја забележало чудната појава на небото, било зачудено, пишуваат медиумите.

Експертите велат дека нема причина за никаква грижа, објаснувајќи дека се работи за исклучителен сјаен метеор. Безбедносните и другите камери на подрачјето на Калгари, забележале невообичана светлина на небото околу 6 и 30 часот во понеделникот утрото.

На настанот просведочиле и жителите од Едмонтон и Саскачеван. Американското друштво за метеори објави видео снимки од огнената кугла, објаснувајќи дека сјајниот метеор влегол во Земјината атмосфера. Засега не се знае дали делови од метеорот паднале на земјата.

Повеќе од 300 луѓе се обратиле во Меѓународната организација за метеори за да пријават што виделе, а еден од Канаѓаните се исплашил дека станува збор за нуклеарен напад.

„За дел од секундата си помислив дека станува збор за нуклеарен проектил или нешто што го создал човекот“изјавил Крис, еден од луѓето кои просведочиле на необичниот настан.

„Навистина си помислив дека е некаква експлозија во воздухот поради големината и блескавоста на небото“, коментирала друга Канаѓанка по име Роузмери.

Share
Scroll to Top