(Видео) Светска премиера на „Борат 2“ со контроверзниот британски комичар

пред 4 години

Утре на 23 октомви е светската премиера на комедијата „Борат 2“ . Познатиот, но и контороверзен британски комичар Саша Барон Коен, и овојпат го глуми фамозниот лик на Казахстанецот Борат, којшто првпат го претстави во своите хумористични емисии „Ф2Ф“ и „Али Џи“. Првиот филм каде што Борат беше главен лик, излезе 2006 година.

Потоа, Коен изјавуваше дека Борат „ќе се пензионира“ и ќе се повлече од јавниот живот, но од крајот на 2019 година, бушавкото со мустаќи почна повторно да се појавува на јавни настани. Се работело за снимањето на вториот дел од филмот, во специфичниот облик на тн. квази-документарец. Тоа се одвиваше во тајност без официјално соопштение, сѐ до пред нецели два месеца.

Еден податок вели дека, наводно, комичарот минал пет дена во терористичка ќелија без да го препознаат, за потребите на филмот.

Share
Scroll to Top