Северина настапи во Словенија, а меѓу другото вниманието го привлече со својот необичен аутфит. Таа на настапот носеше црвени баленсијага хеланки-чизми.
На Инстаграм таа сподели снимки од настапот во впечатливата креација која предизвика бројни позитивни коментари.
„Каква линија, честитки!“, „Убава Севе“, „Убава си“, „Кралица“, „Те сакаме“, се само дел од коментарите.