Поп-пејачката Северина целосно ја утна облеката на последниот концерт што го одржа во Хрватска. Таа на сцената се појави во жолт комбинезон со принт на зебра, а на нозете носеше црни сандали. Целосно промашување ѝ беше и парчето кое го носеше преку комбинезонот.
Таа се обиде да ја ископира Ријана, која во 2016 година слично се појави на еден од настапите, ама личеше на палјачо, коментираа на социјалните мрежи. Додека играше и пееше на сцената, доживеа и мал пех, па за малку ќе ѝ паднеше микрофонот.