(Видео) Седумминутен аплауз за „Маестро“ на Бредли Купер

(Видео) Седумминутен аплауз за „Маестро“ на Бредли Купер

пред 8 месеци

Биографската драма за животот на познатиот композитор Леонард Бернштајн доби седумминутни овации на светската премиера во театарот „Сала гранде“.

Купер, кој го глуми Бернштајн и Кери Малиган во улогата на неговата сопруга Фелисија, не присуствуваа на настанот поради штрајкот на филмаџиите во САД. Но, се појавија трите деца на композиторот – Џејми, Александар и Нина Марија Фелисија Бернштајн. По проекцијата, тие со солзи во очите ги поздравија гледачите, и „диригирајќи“, се забавуваа.

“>Се чини, критиката предвидува „Маестро“ да биде еден од главните кандидати за „Оскар“ оваа година, според познавачите.

Приказната е за врската на Бернштајн со Фелисија – од додворувањето до бракот којшто, според трејлерот, „болно се свиткува под тежината на неговите хомосексуални врски“. Купер го напиша сценариото со Џош Сингер, а филмот го продуцираа Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг.

Ова е втор филм во режија на Бредли Купер. Првиот беше прилично успешниот „Ѕвездата е родена“.

Share
Scroll to Top