(Видео) Серена Вилијамс на забава со дронови го откри полот на бебето

(Видео) Серена Вилијамс на забава со дронови го откри полот на бебето

пред 9 месеци

Американската тенисерка Серена Вилијамс (41) со сопругот Алексис Оханијан (40) чекаат второ девојче. Тие ја имаат петгодишната ќерка Олимпија, а сега направија голема забава со многу гости на која го открија полот и на второто дете.

Организираа раскошна забава на отворено со украсни балони во бои на виножито, шарени аранжмани и ќебиња наменети за гостите, а круната на просторот беше натписот „Нашата следна голема авантура“.

За тензијата да биде поголема, а изненадувањето за малата Олимпија поубаво, Оханиан нарача жолта торта. По сечењето на тортата во придружба на диџеј, имаше дронови кои напишаа дека чекаат девојче.

„Малку сум нервозна затоа што немам план за вонредни ситуации ако се покаже дека е момче“, призна Серена.

А дека освојувачката на 23 Грен слем титули се надевала на мало девојче открива и нејзината облека во која се појавила на забавата. Носеше розово и бело здолниште со пруги и бела маичка која го откри нејзиниот труднички стомак.

За потсетување, Серена објави дека е бремена во мај на Мет Гала. Со Алексис се венчаа во 2017 година во Њу Орлеанс по две години врска.

Share
Scroll to Top