(Видео) Сестра си ти, сестра сум јас: Александра Јанева го претстави видео записот за својот најнов проект

(Видео) Сестра си ти, сестра сум јас: Александра Јанева го претстави видео записот за својот најнов проект

пред 2 часа

По серијата успешни музички проекти, Александра Јанева го претстави видеотo за својот најнов проект „Сестро“ – носечка песна на нејзиниот претстоен албум кој го слави несебичното другарство и секоја жена што подала рака во вистинскиот момент.

Музиката, аранжманот и целосната музичка продукција се дело на Лазар Цветкоски, додека моќниот и сензибилен текст го напиша Луна. Нивната соработка резултира со автентичен звук кој ја доловува суштината на пораката – дека поддршката е столбот на нашето постоење.

„Сестро“ не е само наслов на песна, туку сеопфатен концепт на кој Александра работеше изминатиот период. Албумот е замислен како музички мозаик посветен на женската солидарност – онаа тивка, но непоколеблива сила што нè води низ најтешките и најубавите моменти во животот.

„Сестра е секоја жена што ти подала рака кога светот бил премногу бучен, секоја пријателка која ти помогнала да ја откриеш сопствената вредност. 2026 година целосно ќе ѝ ја посветам на оваа порака – ќе биде година во знакот на ‘Сестро’, исполнета со многу нова музика која ја слави поддршката меѓу нас,“ – открива Јанева.

За визуелниот дел на оваа приказна, Александра повторно соработува со докажани професионалци. Режијата и монтажата се на Огнен Шапковски (Melem Production), додека за прекрасните кадри како директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров. Видеото е збогатено со моќна кореографија од Dance Team Fusion, доловувајќи ја женската енергија низ движење.

Албумот „Сестро“ ќе се открива етапно во текот на целата 2026 година, ветувајќи ни патување низ емоциите и славење на нераскинливите пријателски врски. Александра најавува дека целата 2026 година ќе биде во знакот на „Сестро“ – период исполнет со нова музика и проекти кои ќе го слават заедништвото и автентичноста.

Share
Scroll to Top