Поп-пејачката Симона Поповска сними празнична песна, „За Нова година“. Ова е прва песна на Симона на македонски јазик по подолго време.
Музиката на песната е на продуцентот и диџеј, Ерик Фокс, а текстот го напиша Рената Кралевска. Гостин е саксофонистот Љупчо Џедомирски.
„Се надевам дека ќе уживате во овој празничен дух и расположение во најубавиот дел од годината. Посакувам сите заедно да ги сплотиме нашите желби за подобро утре, година без пандемија, нека биде нов почеток за нова година“, вели Симона.