Македонскиот пијанист Симон Трпчески испрати поддршка од Америка за тимот кој оваа година ќе ја претставува Македонија на детска Евровизија. Во тимот е и неговата ќерка Лара која заедно со Јован и Ирина ќе настапат на сцената во Ереван, Ерменија.
„Поздрав од уште една прекрасна сала во Америка од Минеаполис пред концертите со „Минесота оркестра“. Но овој пат поздравот е за македонскиот тим за Јуниорскиот Евросонг со кој се гордеам и што сум дел, поздрав и многу успех за Лара, Јован и Ирина, одиме на прекрасна дружба и да пратиме една прекрасна порака до светот дека „Животот е пред нас“, одиме напред Македонија“, вели Трпчески во видео пораката и додава дека децата се идината.
Трпчески во негов стил ја отпеа и отсвири евровизиската „Животот е пред нас“.
Вчеравечер беше промовирана песната и видео спотот на „Животот е пред нас“ во изведба на Лара, Јован и Ирина кои оваа година ќе ја претставуваат Македонија на 20 -то издание на Јуниорскиот Евросонг 2022, во Ереван, Ерменија.