(Видео) Синот на Иван Перишиќ го теши Нејмар по поразот од Хрватска

(Видео) Синот на Иван Перишиќ го теши Нејмар по поразот од Хрватска

пред 1 година

Откако Хрватска го победи Бразил на пенали и влезе во полуфиналето на Мундијалот во Катар, синот на Иван Перишиќ, Леонардо, отиде да го утеши Нејмар.

Нејмар, кој беше во прегратките на Дани Алвес, го гушна Лео (10) и го погали по главата, а видеото почна да се споделува на социјалните мрежи.

Најдобриот бразилски фудбалер по натпреварот изјави дека веројатно ова беше последен негов натпревар на едно Светско првенство и со тоа најави дека нема да игра на Мундијалот што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во 2026 година.

Share
Scroll to Top