(ВИДЕО) Синот на Пирс Броснан ги воодушеви фановите: Изгледа како помлада верзија на славниот актер

(ВИДЕО) Синот на Пирс Броснан ги воодушеви фановите: Изгледа како помлада верзија на славниот актер

пред 6 часа

Синот на холивудската легенда Пирс Броснан, Парис Броснан, повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со главната улога во новата рекламна кампања на BMW. Неговото појавување пред камера предизвика бројни реакции, а многумина коментираат дека 25-годишниот Парис неверојатно потсетува на својот славен татко во помладите години.

Во видеото, Парис седнува зад воланот на легендарниот BMW M3 Cabrio E30 и тргнува на патување низ некои од најубавите европски дестинации. На почетокот од видеото, облечен во едноставна црна маица, со насмевка вели: „Неверојатно, мислам дека ова е вистинскиот. Ќе поминеме неколку километри со него.“

Неговата европска авантура започнува во Минхен, а потоа продолжува покрај езерото Гарда и во Пјаченца. Патувањето го води и низ Кан, Монте Карло и Монца, додека последната станица е живописниот Чернобио, сместен на брегот на езерото Комо.

„Еден BMW M3 Cabrio E30. Седум дестинации. Илјадници спомени“, порачаа од BMW при објавувањето на видеото. Станува збор за кабриолет-верзијата на првата генерација од легендарниот модел M3, претставен во средината на 1980-тите, кој денес има речиси култен статус меѓу љубителите на автомобили.

Освен што гради кариера пред камерите, Парис Броснан сè повеќе се наметнува и како визуелен уметник. Во лондонскиот кварт Мејфер ја претстави својата колекција „Collective Energy“, инспирирана од апстрактни форми, бои и мозаици. За време на Art Basel Week во Мајами организираше и работилница за сликање во живо, во која како дел од уметничкото дело го вклучи и својот BMW E30.

Во мај годинава Парис се појави и на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан заедно со својата долгогодишна девојка, моделот Алекс Ли-Ајон. Тој носеше црн кадифен смокинг од Burberry, бела кошула и машна, додека Алекс се појави во темносин долг фустан со цветни мотиви.

Парис не бега ниту од разговорите за тоа дали познатото презиме му помогнало во кариерата. Осврнувајќи се на честите обвинувања за непотизам, тој порача дека е свесен за привилегијата што ја носи славното семејство.

„Тоа секогаш ќе биде присутно и мораме да бидеме свесни за тоа. На крајот на денот, едноставно сме благодарни што сме тука“, изјави Парис Броснан.

Со својата појава, самодоверба и харизма, многумина сметаат дека младиот Броснан не само што наликува на својот татко, туку успешно го гради и сопствениот пат во светот на филмот, модата и уметноста.

Share
Scroll to Top