(Видео) Сите апсења на ќерката на американскиот претседател Џо Бајден

(Видео) Сите апсења на ќерката на американскиот претседател Џо Бајден

пред 3 години

Најмладото дете на американскиот претседател Џо Бајден, неговата ќерка Ешли, многупати во својот живот имала проблеми со законот. Како што е познато, Бајден е исклучително близок со семејството, вклучително и синот Хантер.

Деморактскиот кандидат за претседател, имаше уште еден син, кој почина во 2015 година, по долгата и тешка битка со ракот. Неговата друга ќерка Ејми настрадала во сообраќајна несреќа во 1972 година. Ешли е единствената ќерка што му остана, која Бајден ја добил од сопругата Џил.

Ешли работи како социјална работничка и за разлика од својот постар брат Хантер, таа води мирен живот. Таа е посветена на јавните служби работејќи во Центарот за правда во Делавер во социјалната служба.

Најмладото дете на Бајден, 39-годишната Ешло, досега многупати имала проблеми со законот. Спроед „Њујорк пост“, уште на факултет таа ја имала првата пресметка со полицијата.

Ешли била студент на Универзитетот „Тулан“ кога била уапсена со марихуана. Против неа не било подигнатно обвинение, пренесува весникот. Но, овој прекршок не бил последниот со кој Ешли се соочила.

Таа направила уште еден прекршок во 2002 година кога била уапсена поради попречување на работата на полицијата во еден бар во Чикаго. Во тоа време имала само 21 година. Според Headlines&Global News, евиденцијата на ќерката на поранешниот потпретседател сега е чиста.

Во тоа време Џо Бајден бил сенатор од Делавер, а неговата ќерка, која била студент на Универзитетот „Тулан“, била во посета на свои пријатели во Винди Сити. Двајца од нејзините пријатели биле вмешани во еден инцидент.

Двајцата биле обвинети и давале отпор во спроведувањето на законот. Иако против нив тројцата подоцна биле отфрлени обвинувањата, агенцијата „Асошиетед прес“ известува дека групата ѝ се извинила на полицијата и од судијата во судот добиле само вербален укор.

Ешли ќе се соочи со уште еден скандал во 2009 година кога е објавено видео во кое наводно се гледа како користи кокаин. Никогаш досега не се соочила со обвинувањата врз основа на снимката.

Според „Делавер тудеј“, таа признала дека погрешила.

„Никогаш не ја осудувајте личноста додека не поминете ни еден милиметар во нејзините чевли. Ако сакате да направите позитивни промени, не можете да се задржувате на минатото“, изјавила таа.

Share
Scroll to Top