(Видео) Сите се прашуваа која е таа: Највпечатливиот фустан на Мет Гала го носеше жена непозната за многумина

(Видео) Сите се прашуваа која е таа: Највпечатливиот фустан на Мет Гала го носеше жена непозната за многумина

пред 7 месеци

Црвениот тепих на Мет Гала беше исполнет со познати личности од насловните страници на списанијата, но шоуто го украде една „мистериозна дама“ која беше прогласена и за најдобро облечена на синоќешната манифестација.

Набргу по појавувањето на скалите на музејот во Њујорк, индиската претприемачка Мона Пател – предизвика „лудило“ на социјалните мрежи, каде корисниците се восхитуваа на нејзиниот фустан создаден од Ајрис Ван Херпен и се прашуваа која е таа навистина.

Убавицата се пресели во САД во 2003 година – и оттогаш основа неколку компании, како што се HauteX Ventures и radXai, стартап за здравствена технологија.

За многумина непознатиот претприемач воодушеви во фустан со фигури, а на страните имаше сошиени пеперутки, корсет, како и проѕирни детали од тантела.

Златните украси во вид на пеперутки на рацете особено ги импресионираа корисниците на социјалните мрежи, со оглед на тоа што крилата механички се движеа сами по себе.

Изгледот го комплетираше со златни сандали, а беше стилизирана од Ло Роуч – познат и по соработката со актерката Зендаја.

Недолго откако Пател зачекори на тепихот на Мет Гала, таа го освои интернет просторот, а снимките од нејзините подготовки беа споделени на мрежите со пораки дека таа е најсоодветно облечена за темата и кодексот на облекување на Галата.

Share
Scroll to Top