(Видео) Славје низ улиците на Рим, Италијаните го донесоа пехарот дома

(Видео) Славје низ улиците на Рим, Италијаните го донесоа пехарот дома

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на Италија го донесе пехарот во Рим откако ја победија Англија и го освоија Европското првенство. Фудбалерите слетаа на аеродромот во Рим, каде ги дочекаа илјадници фанови.

Пехарот го носеа тренерот Роберто Манчини и капитенот Џорџо Келини. Веднаш по слетувањето, фудбалерите ги прими и претседателот на Италија, Серџо Матарела.

За потсетување, во финалето на Европското првенство, Италија беше подобра од Англија по изведувањето на пенали 3:2, откако претходно резултатот во регуларните 90, а потоа и во продолженијата беше 1:1.

Share
Scroll to Top