(Видео) Слаткар и Тони Зен ја освојуваат сцената со „Жими сè“ – нов хит што ќе го слушаме со месеци

(Видео) Слаткар и Тони Зен ја освојуваат сцената со „Жими сè“ – нов хит што ќе го слушаме со месеци

пред 3 недели

Македонските рап легенди Слаткар и Тони Зен повторно ја разбудија музичката сцена со нивниот најнов проект – песната „Жими сè“, која во придружба со визуелно впечатлив видеозапис, навести дека овој тандем нема намера да застане. По успехот на „Милион лета“, ова ново издание е свежа потврда на нивната креативност и хемија, кои успеваат да ги допрат сите генерации.

Текстот на „Жими сè“ носи препознатливи искрени пораки, со доза хумор, реалност и урбана филозофија, потпишан од самите Слаткар и Тони Зен. Музичката позадина, пак, е мајсторско дело на Илија Цветковски – Ики, кој создаде динамична и современа продукција што ќе ве натера да ја слушате песната повторно и повторно.

„Жими сè“ е само дел од тоа што следува на нивниот голем заеднички концерт, кој ќе се одржи на 5 април во Скопје. Настанот се очекува да биде музичка експлозија, исполнета со нивните најголеми хитови, како и неколку изненадувања за фановите. Огромниот интерес за концертот уште еднаш потврдува дека оваа музичка соработка е едно од најсилните нешта на македонската сцена во последните години.

По повеќе од 18 години од револуцијата што ја започнаа на македонската хип-хоп сцена, Тони Зен и Слаткаристика се подготвени повторно да ја запалат публиката. Но, овој пат, сцената нема да биде само нивна – на оваа историска вечер ќе им се придружат и бројни специјални гости, создавајќи вистински музички спектакл.

Картите се веќе пуштени во продажба, а истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК травел во Бисер.

Share
Scroll to Top