(Видео) Слеп маж го исфрлиле од вежбална затоа што непристојно гледал во девојките

(Видео) Слеп маж го исфрлиле од вежбална затоа што непристојно гледал во девојките

пред 1 година

Дваесет и едногодишниот Тоби Адисон од Велика Британија, се нашол во незгодна ситуација, откако бил исфрлен од вежаблана затоа што непристојно гледал во девојките. Не знаејќи дека е слеп, тие ги замолиле луѓето од обезбедувањето да го исфрлат надвор и да не му дозволат да доаѓа пак.

Адисон го изгубил видот на 11 години. Денес има многу мал процент на видливост. За незгодната ситуација неодамна зборуваше во подкастот Happy Hour. Рече дека немилиот настан се случил пред четири години кога дошол да вежба, кога една од девојките го обвинила дека гледал непристојно во неа.

Тоби се обидел да ѝ објасни дека е слеп. Дури ѝ го покажал стапот кој го носел со себе. Но, тоа не било доволно. Таа инсистирала обезбедувањето да го избрка, што и било направено.

Тоби неодамна зборуваше за инцидентот во подкастот „Happy Hour“:

„Најчесто не знам каде гледам, освен кога разговарам со некого и се обидувам да се соочам со него. Тој ден гледав напред. За жал, имаше една девојка. Не знам што правеше, можеби беше клекната, но веројатно беше во непријатна положба“, објасни Тоби.

„Таа ми пријде, но не сфатив дека зборува со мене. Ми рече нешто во стилот “Зошто постојано зјапаш во мене? Престани да се однесуваш толку морничаво”. Ѝ се извинив и ѝ објаснив дека сум слеп, но таа не ми поверува“, рече Тоби.

@blindtobes Who’s already back at the gym for 2023? 💪🏻 #blind #blindtok #fyp #disabled #accessibility #funny #joke #gym #fitness #stereotypes #gymtok #cane #thegymgroup ♬ Funny Song – Cavendish Music

Тој објасни дека бил свесен за лошиот тренд кој се шири по вежабалните, каде поединци тајно снимаат во теретана. Верува дека девојката мислела дека ја снимал со неговиот стап. По расправијата со персоналот ја напуштил теретаната и повеќе не се вратил.

„Тоа ми ја уништи самодовербата и ме натера да размислувам колку слепите и слабовидите луѓе стануваат проблем“, рече Тоби.

За среќа, како поминало времето, Тоби заборавил на непријатната ситуација и младата Британка, па сега е ѕвезда на „Тик ток“. Има армија од 250.000 лојални следбеници кои редовно ги следат сите негови активности, вклучително и одењето во новата теретана.

Share
Scroll to Top