(Видео) Снимката од Путин како пее пред холивудските актери стана уште погледана по војната во Украина

(Видео) Снимката од Путин како пее пред холивудските актери стана уште погледана по војната во Украина

пред 3 години

Видеото на кое рускиот претседател Владимир Путин запеа во Русија пред голем број холивудски актери стана уште повирално на интернет, по воената интервенција во Украина.

Видеото е од 2010 година, а во на него се гледа како Путин пее на англиски, а во публиката му ракоплескаат Моника Белучи, Шерон Стоун, Кевин Костнер, Курт Расел, Голди Хоун и Жерар Депардје.

„Баш е симпатичен на таа снимка. Се прашувам што се случило во меѓувреме што станал ваков каков што е сега“, прашаа голем број од фановите.

Путин на видеото ја пееше Blubbery Hill, а видеото е направено за време на една добротворна забава во Санкт Петерсбург. Тоа е објавено во 2012 година и сега има речиси 1,5 милиони лајкови.

За потсетување, Путин секој ден се споменува во светските медиуми откако ја почна војната во Украина. Се зборува сè  и сешто за него. Од приватниот живот, вонбрачните деца, љубовниците, па сè до идните потези кои би можел да ги повлече и употребата на нуклеарно оружје.

Share
Scroll to Top