Од компанијата „Сони“ го прикажа својот прв концепт за електричен автомобил. Команијата најави нов оддел внатре во компанијата, наречен Sony Mobility, кој ќе се фокусира на електрификацијата.
Дека ова станува тренд меѓу технолошките компании, може да се види и по примерите на Xiaomija и Huaweijа, односно Apple, кој иако досега не е официјално, од компанијата со години развиваат свој автомобил.
Партнер ќе им биде „Хонда“, која ќе биде задолжена за производство на автомобилот, додека од „Сони“ ќе создаваат платформа за сервис на мобилноста, како и развој на инфозабавниот систем. Она што е особено интересно е дека „Сони“ би можел да имплементира и PlayStation 5 во своите автомобили.
See the world reveal when Sony Honda Mobility takes the stage at Sony’s press conference at #CES23
▼What‘s coming next? Watch our moviehttps://t.co/IIq2QAQFXD
See you soon!#Sony #Honda #Sonyhondamobility #FutureSony pic.twitter.com/bXvfrPbRbb
— Sony Group – Global (@SonyGroupGlobal) December 20, 2022
Се разбира, јасно е дека игрите за време на возењето се забранети, освен ако автомобилот е целосно автономен и биде контролиран од компјутер, без потреба да има луѓе на предното седиште да го следат сообраќајот и да ја преземат контролата над воланот.
Од „Сони“ објавија и тизер видео на „Твитер“ во кое го најавија лансирањето на нивниот заеднички автомобил. Љубителите на јапонските компании се воодушевени дека тоа ќе биде наскоро, на саемот за потрошувачка електроника CES, кој ќе се одржи на 4 јануари следната година.
Иако самиот автомобил ќе може да се види на почетокот на 2023 година, ќе бидат потребни уште најмалку три години пред да стане достапен на пазарот. Сепак, експертите се надеваат ека, покрај самиот дизајн, на CES ќе можеме да се дознае повеќе информации за самиот автомобил, како што се моќноста на моторот, батеријата, капацитетот и друго.