Сопругата на шеикот Хамад бин Калиф, Моза бинт Насер, ги насмеа фановите за време на натпреварот меѓу Бразил и Швајцарија, откако нејзиниот сопруг од ложата на трибините ѝ мавташе на згодна Бразилка. На Насер не ѝ се допадна кокетирањето на Хамад со навивачите и го прекори со поглед.
Додека ги поздравуваше Хамад, тој ѝ мавна и на познатата бразилска навивачка, Десир Соарес Галвао Буено, која на „Инстаграм“ ја следат повеќе од 60.000 луѓе. Додека Буено ја снимаше атмосферата на стадионот и публиката на трибините во кадарот и влета и шеикот, а на него не му требаше долго за да стане хит.
„Нема да биде вака насмеан кога ќе дојде дома. Тешко него“, му коментираа некои од фановите. Многу се согласија дека и Насер е многу фина и добра личност затоа што и таа ги поздрави навивачите. Станува збор за жена со истенчен вкус за мода, која во 2015 година ја доби титулата за најдобро облечена жена во светот.
За потсетување, шеикот е поранешен катарски емир и се проценува дека има повеќе од две милијарди долари.