Соња и Оливер од Торонто снимија две нови песни, „Боже правда нема“ и „Мојот живот“. Текстот е на Борче Нечовски, а музиката и аранжманот на Дејан Момироски.
Режисерот Дејан Ѓоргиев ги сними спотовите на неколку локации во нивниот роден крај Битола, Пелагониското Поле и во Манастирот Св. Петка во битолското село Цапари. Во нив учествува и фолклорниот ансамбл„Гоце Делчев“ од Битола во кореографија на Бранко Жежовски.
Во спотовите се и Благојче Трајковски на кларинет, Филип Нуневски на труба, Дарко Илиевски на хармоника и Џелјо Дестанивски на зурла. Соња и Оливер ни рекоа дека се надеваат дека овие песни ќе допрат до сечие срце.