(Видео) Со аутостоп Ибрахимовиќ стигна на Сан Ремо

пред 4 години

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ задоцни дури три часа на музичкиот фестивал, Сан Ремо, затоа што на автопатот имало сообраќајна несреќа и тој заглавил во метежот.

Сепак тоа не го спречило Ибрахимовиќ да се потруди да стигне на фестивалот, па запрел моторџија на автопат и со него се возел околу 60 километри.

„Ако фестивалот не дојде кај Златан, тогаш Златан ќе дојде на фестивалот“, кажа Ибрахимовиќ во свој стил.

На Сан Ремо, Златан Ибрахимовиќ направи спектакл во настапот заедно со Синиша Михајловиќ.

Share
Scroll to Top