(Видео) Со другарот од детството првпат заедно во спот: Тамара Стојковска и манекенот Алекс

(Видео) Со другарот од детството првпат заедно во спот: Тамара Стојковска и манекенот Алекс

пред 3 години

Младата пејачка Тамара Стојковска ја промовира новата песна „Жедни“, за која сама го напиша текстот. Инспирацијата ја добила од љубовните двојки кои, вели, живеат по наметнати правила, па затоа заглавуваат со луѓе и одлуки што не ги прават среќни.

„Луѓето веќе коментираат таа е реалноста и за жал, токму од реалноста ја добив инспирацијата за текстот. Мислам дека сѐ повеќе луѓе живеат по тие наметнати правила и заглавуваат со одлуки и избори што не ги прават среќни. Некои од нив и точно знаат што навистина им треба, но не се храбри да се борат за сопствената среќа“, рече Тамара за „Репортер“.

Спотот е снимен во Народен театар Битола, а моделот Александар Златановски од „Моделс ИН“, го глуми дечкото на Тамара.

„Со Александар сме пријатели одамна, заедно растеме и се поддржуваме меѓусебно во сѐ, па се радувам што конечно излезе можност да соработуваме. Благодарение на целата екипа, посебно на Стефанија и Баже, кои ги глумат нашите партнери, уживавме во снимањето и лесно ја остваривме идејата за спотот. А дали е крајот среќен или тажен, ќе оцени публиката, секој ќе го доживее поинаку“, додава таа.

Музиката и аранжманот на песната ги направи Давор Нечак, а видеото е на Пеце Здравковски и Ѓорѓи Вацев.

Ова е трета песна на Тамара, која претходно ги испеа „Кажи нешто ново“ и „Друга ѕвезда“.

А.Ј

Share
Scroll to Top