(Видео) Со огномет 2021 година пристигна во Нов Зеланд

(Видео) Со огномет 2021 година пристигна во Нов Зеланд

пред 3 години

Жителите на Нов Зеланд и во Океанија ја пречекаа Новата 2021 година. Во главниот град Оукленд покрај импресивниот огномет од „Небесната кула“, со ласери беше осветен и Оуклендскиот мост.

Следни, 2021 година ќе ја пречекаат жителите на Австралија, а пристаништето во Сиднеј ќе засвети од светлата на огнометите. По нив новата година ќе ја пречекаат жителите на Азија, па Европа и на крајот луѓето кои живеат во Северна и Јужна Америка.

Оваа година најголемиот број светски држави ги повикаа граѓаните да останат во своите домови или да празнуваат претпазливо поради опасноста од ширењето на короната.

Во Велика Британија, влкадата ги повика граѓаните да останат во своите домови. Во Франција на улиците ќе бидат распоредени 100.000 полицајци за да се спречат масовни групирања, забави и прослави. Во Њујорк, централниот плоштад Тајмс Сквер вечерва ќе биде затворен за јавноста. И кај нас не се дозволени јавни собирања и големи групирања во приватните домови, а на плоштадите првпат нема да има новогодишни концерти.

Share
Scroll to Top