Македонските ракометари победата над Чешка и пласманот на Светското првенство ги прославија со култната песна на „Меморија“, „Оган под ѕвездите“. На социјалните мрежи се споделува видео од еуфоријата во соблекувалната и како ракометарите го прославуваат осмото учество на ракометните мундијали. Дека пееле песна од „Меморија“ се пофали и Перо Камиказа, еден од основачите на групата.
Не е првпат ракометарите, но и фановите да слават победа со песни од „Меморија“. И во соблекувалната, но и на прославите на улиците и плоштадите, често се слушаат „Оган под ѕвездите“ и „Дирлада“.
За потсетување, на вчерашниот натпревар Македонија ја победи Чешка 27:25 и се пласираше на Светското првенство што ќе се игра догодина.