(Видео) Со сите адети, чочеци и црвен олдтајмер се ожени Виктор Апостоловски: Одам по невестата дал ќе ми ја дадат

(Видео) Со сите адети, чочеци и црвен олдтајмер се ожени Виктор Апостоловски: Одам по невестата дал ќе ми ја дадат

пред 11 месеци

Пејачот Виктор Апостоловски се ожени со својата девојка Милена Доневска, со која беше долго време во љубовна врска. Свадбата беше во Битола, а младоженецот со црвен олдтајмер дојде по невестата, па на социјалните мрежи напиша: Одам по невестата, дал ќе ми ја дадат“.

Со адети, музика, пријатели и сите салтанати, Виктор и Милена направија голема свадба во Битола. Невестата носеше раскошна венчаница, со тул и циркони, додека пак Виктор беше малку во винтиџ стил, со костим и шешир на главата.

Свадбата беше во летна бавча во Битола, а пред тоа тие го склучија граѓанскиот брак. Пред да се земат двојката се вери на почеток на годината во Истанбул, кога Виктор ја побара Милена за жена на Босфор.

 

 

 

Share
Scroll to Top