Македонскиот голман Столе Димитриевски имаше одличен почеток на сезоната во Шпанија. Со 12 паради Димитриевски е на врвот на листата најуспешни голмани по две кола. Претходниот викенд беше избран и за тимот на колото во Ла Лига. Неговиот тим Рајо Ваљекано исто така одлично ја почна сезоната.
Синоќа ја совладаа Гранда на гости со 2:0, со головите на Алвари Гарсија Ривера и Тае Сис, a претходно со истиот резултат ја победија Алмерија.