Компанијата на Илон Маск „Спејс Икс“, ја лансираше првата Falcon Heavy ракета по повеќе од три години во вселената. Во прашање е најмоќната ракета во моментов која е во функција пренесе CNBC.
Ракетата на Space X е лансирана за да ја изврши мисијата ISSF-44 за вселенските сили на САД и е прва опереативна мисија за национална безбедност.
Последното лансирање на вселенската компанија на Маск беше мисијата Space Test Program – 2 (STP-2) во јуни 2019 година, која носеше експриментални сателити на демонстрационен лет за Пентагон.
Ракетата успешно полета во 9:41 часот по источно време, односно 14:41 часот по наше време, од вселенскиот центар на НАСА, Кенеди на Флорида.
Брзо по лансирањето дојде до одвојување на двата засилувачи кои ја однесоа ракетата во вселената, а кои потоа се вратија и слетаа на Земјата, Ова беше уште едно успешно тестирање на SpaceX системите.
Додека базата на Falcon Heavy може да се користи повеќекратно, компанијата приземји само страничен пар од трите ракетни засилувачи, со централното јадро спуштено во океанот, како што тоа го прават традиционалните ракети, за да ги исполни барањата за високи перформанси поставени од американската влада.