(Видео) Српската естрада на 50. роденден кај Жељко Јоксимовиќ

(Видео) Српската естрада на 50. роденден кај Жељко Јоксимовиќ

пред 4 години

Жељко Јоксимовиќ наполни 50 години и прослави роденден во еден белградски ресторан. Како што пренесуваат српските медиуми на забавата присутни биле Јована Николиќ, Марко Мишковиќ, Мелина Џиновиќ, Драган Бејлогрлиќ, Сузана Диниќ, Ксенија Милошевиќ. 

Помеѓу гостите присутни биле и нивните деца, близнаците Ана и Срна и синот Коста.

Тој кажа дека 50 години за него се само бројка, а она што си го посакал е само здравје.

Јована била облечена во краток црвен фустан, со бело сако, додека Жељко беше облечен во елегантно-спортски црно-бела комбинација.

Организацијата за роденденската забава ја направила неговата сопруга Јована, иако Жељко не сакал да слави роденден, но таа инсистирала јубилејната 50 -ка да биде прославена.

Share
Scroll to Top