Деведесет и деветгодишната Русинка Марија Колтакова пилотирала со рускиот авион Su-34 на воениот аеродром „Балтимор“ во нејзиниот роден град Воронјеж во Русија. Таа пилотирала додека седела во симулатор, кој создава совршени реални услови како и во вистински авион.
Таа седела покрај професионален пилот, потполковникот Андреја Дјаченк, и за момент ја презела контролата над леталото. Колтакова ја нарекуваат железната баба затоа што веќе извела многубројни подвизи, вклучувајќи и скокови со падобран, нукрање и лет со балон.
Дјаченк вели дека со негова помош Колтакова успешно го управувала авионот, а за момент и самата ја презела контролата.
„Впечатокот е космички. Сè ми се допадна. Летав во облаците и го видов Воронјеж“, изјавила Колтакова.
Таа на „Инстаграм“ му се заблагодарила на Дјаченк објаснувајќи дека вежбале аероботика и полнеле гориво додека авионот се наоѓал во воздухот. Таа објаснила само дека е разочарана затоа што целата работа се случувала во симулатор.
Поранешниот доброволец во Втората светска војна, Колтакова, учествувала во клучната битка за Курск и била дел од војската што го ослободила поголемиот дел од источна Европа, вклучувајќи ги и Харков и Лвов.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Видео) Марија Шерифовиќ сака да му помогне на уличен пејач од Зеница кој се пријавил во „Гранд“ но нема пари за облека и пат
(Видео) Ајкула изгриза девојка додека пливаше на Малдиви
Дина Јашари ја доби регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“
Деп страда од еректилна дисфункција, тврдат адвокатите на Амбер Херд
По 11 часа породување домот сега ни е полн со нежност: Бергузар Корел ја покажа ќерката низ семејни фотографии
(Видео) Судија му ги собираше забите на фудбалер на теренот
