(Видео) Стоечки овации и редици фанови за автограм на турнејата на Владимир Четкар во Јужна Кореја

(Видео) Стоечки овации и редици фанови за автограм на турнејата на Владимир Четкар во Јужна Кореја

пред 1 година





Македонскиот џез музичар Владимир Четкар беше дел од 20 годишното јубилејно издание на најголемиот Корејски џез спектакл „Јарасум Џез Фестивал“ при што Четкар беше награден со аплауз и овации од публиката.

Концертите на Владимир Четкар во Кореја каде тој ја делеше сцената со некој од најголемите светски џез имиња го привлече вниманието и на националните Корејски медиуми кои веќе го интервјуираа и ги издвоија неговите настапи како едни од најзначајните.

Концертите на Четкар во Јужна Кореја се самостојни и исклучиво со негова авторска музика а на оваа турнеја тој беше придружуван од македонските музичари Борислав Веселинов, Филип Стевановски, Филип Димишковски, Ѓоле Максимовски и Дино Милосављевиќ.






Share
Scroll to Top