(Видео) Стотици навивачи со песна го испартија Марадона на итна операција

(Видео) Стотици навивачи со песна го испартија Марадона на итна операција

пред 3 години

Неколку стотици обожаватели на славниот фудбалер  Диего Армандо Марадона го испратија својот херој на итна операција. Легендарниот Аргентинец мораше итно да биде опериран поради згрутчување на крвта близу мозокот, а неговите сонародници не дозволија Ел Пибе да оди на интервенција во мир и тишина.

Марадона стана национален херој во 1986 година, кога ја донесе титулата светски шампион во Аргентина и откако и донесе победа против Англија во нокаут фазата за време на жестоките конфликти околу Фокландските острови.

Диего Марадона ќе биде опериран утрово според наше време.

Share
Scroll to Top