(Видео) „Сè секаде одеднаш“ се очекува да ги добие скоро сите статуетки

(Видео) „Сè секаде одеднаш“ се очекува да ги добие скоро сите статуетки

пред 2 години

Девеедсет и петтата манифестација од доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 12 март вечерта од неделата кон понеделникот во Долби театарот во Лод Анџелес. Програмата почнува во 2 часот утрото и ќе трае четири часа. Ќе се доделуваат награди во 23 категории.

За разлика од минатата година, сега ќе се емитува во живо доделувањето на сите категории, по бурните реакции од 2020 година, кога не беа пренесувани осум категории. Церемонијата ќе ја води комичарот Џими Кимел.

Наслов со најголем број номинации за Оскар, 11, има независниот научно-фантастичен хит „Сè секаде одеднаш“ кој доби 11 номинации за Оскар. Покрај него, сериозни кандидати за Оскар се и „На запад ништо ново“, „Аватар: Патот на водата“, „Островот на духовите“, „Елвис“, Фабелманови“, „Катран“, „Топ ган: Маверик“, „Триаголник на тагата“, и „Жените зборуваат“.

За надјобар режисер номинирани се: Мартин Мекдон за „Островот на духовите“, Даниел Кван и Даниел Шајнерт за „Сè во исто време“, Стивен Спилберг за „Фабелманови“. Тод Филд за „Катран“. Рубен Остлунд за „Триаголник на тагата“,

Оскар за најдобра машка улога можат да добијат: Остин Батлер за „Елвис“, Колин Фарел за „Островот на духовите“, Брендан Фрејзер за „Кит“, Пол Мескал за „По Сонцето“, Бил Наји за „Живеење“.

Номинирани за најдобра женска улога се: „Кејт Бланчет за во филмот „Катран“, Ана Де Армас во „Русокоса“, Андриа Рајзбор за „То Лесли“, Мишел Вилијамс за во „Фебелманови“, и Мишел Јо во „Сè во исто време“.

Оскари за најдобра споредна машка улога можат да ја добијат: Брендан Глисон и Бери Киоган за „Островот на духовите“, Брајан Тајри Хенри за Causeway, Џад Хирш за „Фабелманови” и Ки Хиј Куан за “Сѐ во исто време”.

За најдобра споредна женска улога номинирани се Анџела Басет за „Црниот  Пантер – Ваканда засекогаш” , Хонг Чау за „Кит” , Кери Кондон за Островот на духовите”, Џејми Ли Кертис и Стефани Шу за „Сè секаде одеднаш”.

За најдобар странски филм номинирани се: германскиот „На запад ништо ново“, аргентинскиот „Аргентина 1985“, белгискиот „Близу“, полскиот „ЕО“, ирскиот „Тивка девојка“.

За најдобро сценарио номинирани се Мекдон за „Островот на духовите“, Квев и Шајнерт за „Сè секаде одеднаш“, Спилберг и Тони Кушнер за „Фаблеманови“, „Филд за „Катран“ и Остлунд за „Триаголник на тагата“.

За најдобар музика номинирани се: „На запад ништо ново“, „Бабилон“, „Островот на духовите“, „Сè секаде одеднаш“ и „Фабелманови“.

За музичкиот дел ќе биде задолжена поп пејачката Ријана, која ќе ја испее песната од филмот „Црниот пантер: Ваканда засекогаш“.

За потсетување, првото доделување на Оскарите е одржана во 1929 година, како приватна вечера која ја организирал глумецот и филмаџијата Даглас Фербанкс. Првото емитување се случило во 1930 година, преку радио, а во 1953 година, се случил првиот телевизиски пренос.

Share
Scroll to Top