Фолк-пејачката Татјана Лазаревска се забавуваше на лизгалиште во Мелбурн. Беше со својата другарка Наташа, па вели дека имале обид за уметничко лизгање. Пејачката објави неколку фотки и видеа на Фејсбук, додека се лизгаат седнати на пластичен кенгур и како туркаат пингвин за да одржуваат рамнотежа.
„Многу забава и смеа на мраз“, вели Татјана, а пријателите ја пофалија и коментираат дека ја бива за сè.
Татјана веќе неколку години со семејството живее во Австралија, па откога е таму често пее на македонски свадби и прослави, но и на балкански журки што се организираат низ цела Австралија.