Тајзи ја промовира песната „Иронија“ со која го најави новиот албум. Текстот и музиката се на Тајзи, а аранжманот е на продуцентот Иле Спасев, додека видеото го работеше Никола Ставрески.
„Иронија“ е шеста песна од албумот, на кој ќе има вкупно 12 песни, а ќе ги промовира во наредните месеци.
Тајзи за Денот на ослободувањето во Куманово одржа концерт на плоштадот пред 30.000 луѓе и тогаш го најави својот албум на кој работи периодов. Тој претходно ја преработи револуционерната италијанска песна „Бела чао“.