Црн џип, замаглени стакла, киднапиран дечко во багажник, се дел од крими-приказната на познатата пејачка Теа Трајковска. Таа ја промовираше новата песна наслов „Гори“. Теа е автор на текстот, а музиката и аранжманот се на нејзиниот долгогодишен соработник Лазар Цветкоски.
Пејачката првпат соработуваше со младиот режисер Горан Симјаноски, а покрај Трајковска, улоги во спотот имаат и Роберта Цветковска и Филип Самарџиев.
„Гори“ е еден од моите најдраги проекти и песна во која многу верувам и ја сакам уште од денот кога имаше само една строфа, а рефренот го направивме цела година подоцна. Мислам дека со спотот одлично ја доловивме енергијата на песната, а најзадоволна сум затоа што успеавме да направиме стилска промена со Лазе и покрај седум години работење заедно и многу песни зад нас“, вели Теа.