(Видео) Теоретичари на заговор тврдат дека снимиле НЛО над Калифорнија

(Видео) Теоретичари на заговор тврдат дека снимиле НЛО над Калифорнија

пред 3 години

На социјалните мрежи се споделува снимка на која наводно се гледа неидентификувано летало (НЛО) над Калифорнија. Теоретичарите на заговор тврдат дека станува збор за вонземјанско летало.

Снимката е објавена на „Јутјуб“, од страна на корисник кој се занимава со паранормални активности, а теоретичарите на заговор се согласни дека станува збор за летачка чинија.

„Ова видео можеби вас ќе ве изненади, но мене сигурно не, затоа што кога се во прашање хемтрејлс, или како што јас милувам да кажам, кога не прскаат со наша доза на витамини, секогаш се гледаат бели кугли “, напишал еден јутјубер.

Мислењата биле поделени. Додека некои сметаат дека ова нема врска со вонземјани, други корисници на социјалните мрежи веруваат дека станува збор за вонземјани и дека сето ова има врска со хемтрејлс, пренесува „Спутник“.

Постојат тврдења дека станува збор за хемикалии кои ги пуштаат од патнички авиони, од различни причини. Како на пример, од контрола на популацијата и психолошки манипулации, па се до тоа, дека станува збор за наводно тестирање на биолошко оружје.

Но, засега нема научни докази кои би ги потврдиле во целост ваквите тврдења.

Share
Scroll to Top