(Видео) Те продадовме да играш во Индија: На Пандев му наместија скриена камера

(Видео) Те продадовме да играш во Индија: На Пандев му наместија скриена камера

пред 3 години

На капитенот на македонската репрезентција Горан Пандев во Италија го наместиле во скриената камера на телевизијата „Медиасет“. За да помине се според предвиденото сценарио помогнале капитенот на Џенова, Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси. Корси е тој кој му соопштува на Пандев дека клубот решил да го продаде во Индија.

“Доста Корси. Си полудел ли? Да не си пијан? Што зборуваш“,  му вели Пандев на Корси.

Менаџерот му соопштува на Пандев дека за три сезони во Индија ќе заработи 72 милиони евра, плус може да добие и бонуси од 10 милиони евра.

„Каков Ченаијин, каква Индија. Попрво би си пукал во уста“. – реагира Пандев.
Погледнете ја скриената камер на овој ЛИНК 

Share
Scroll to Top