Тигар му побегнал на газдата од приватниот имот каде го чувал во близина на местото Јоханесбург во Јужна Африка. Животното подоцна било виден како слободно се шета во близина на градот.
Во меѓувреме нападнало едно лице и убило неколку кучиња, пренесоа тамошните медиуми. Инцидентот се случил две недели откако избегал.
„Станува збор за бегналска тигрица на која и дадовме седатив и ја однесовме во засолниште за животни“, рече претставникот на приватната безбедносна фирма S.V.A.T кој бил дел од тимот кој го ловеле тигарот.
Tiger loose…#edenvale #eastleigh #tiger #goodmorning #SouthAfrican @eNCA pic.twitter.com/Le1VBqNvzC
— Keagean Moodley (@KeageanM) January 30, 2023
Животното бил снимено од некои од безбедносните камери на куќите. Бил забележан 10 километри источно од Јоханесбург, како шета околу паркиран автомобил. Досега нема објавени детали за сопственикот или имотот од каде побегнал.
Во Јужна Африка е нелегално да се чува лав како домашен миленик, но тигрите се дозволени. Законодавците забрануваат да се чуваат автохтони врсти, но тигарот се смета за егзотично животно.