(Видео) Тиктокерка од Америка разочарана од Скопје: Најлошото патувачко искуство, за 5 минути возење ми наплатија 20 долари како да сум во Лос Анџелес

(Видео) Тиктокерка од Америка разочарана од Скопје: Најлошото патувачко искуство, за 5 минути возење ми наплатија 20 долари како да сум во Лос Анџелес

пред 1 година

Тиктокераката Лена Сноу од Америка на социјалната мрежа сподели искуство како си поминала додека престојувала во Македонија. Инаку таа панува низ светот и постојано споделува искуства од земјите каде ги посетила. Соу за Македонија, посебно за главниот град има негативен впечаток.

Таа во своето видео обраќање вели дека Македонија е земјата која најмалку и се допаднала од сите европски земји кои ги посетила.

„Македонија дефинитивно е број еден. Но, не целата држава, туку конкретно главниот град Скопје. Ова беше едно од најлошите патувачки искуства што сум ги имала. Во мигот кога останав сама, луѓето буквално свиреа од автомобилите по мене, ми довикнуваа по улиците. Си реков „Ова е премногу“, вели Лена Сноу.

Чуството за небезбедност и наплаќање на висока цена на нелегалните таксисти како да се возиш во Лос Анџелес, ја натерало тиктокераката Лена да има негативно туристичко искуство во Скопје.

Share
Scroll to Top