Светлана Ражнатовиќ Цеца настапи во кафеана во Сомбор, каде беше и НБА ѕвездата Никола Јокиќ. Кошаркарот на Денвер уживаше цела ноќ, а особено му се погоди песната „Неваљала“. За момент фолк пејачката го прекина настапот, го поздрави и му ја честита освоената титула.
„Господине Јокиќ, честитки за освојувањето на прстенот. Наша гордост, српска гордост. Освојте уште десет и тоа е доволно“, му рече Цеца.
Во ноќта многу фанови му приоѓаа на Јокиќ да се поздрават, сликаат и добијат автограм.
колико ја волим овог човека ијаооо ахахахаххахаха pic.twitter.com/FFdmo3fQ4f
— Таша ♟️ (@ttashshke) August 24, 2023