(Видео) Трамп успеа да извади џокер од ракав во Мичиген, Бајден сè уште не може да прогласи победа

(Видео) Трамп успеа да извади џокер од ракав во Мичиген, Бајден сè уште не може да прогласи победа

пред 3 години

Републиканците во бирачкиот одбор во округот Вејн, најголемиот во државата Мичиген, успеале да го спречат сертификувањето на резултатите, што привремено може да го запре и официјалното прогласување на победата на демократот Џо Бајден во таа држава.

Досегашните резултати покажуваат дека Бајден е во предност со околу 146.000 гласови, во однос на актуелниот претседател Доналд Трамп, но со овој потег републиканците успеаа да го одложат прогласувањето на победникот Бајден. Ова е поен за Трамп, пренесуваат тамошните медиуми.

Моника Палмер, претставничката на републиканците во избирачкиот одбор во округот Вејн, изјавила дека кај некои гласови пристигнати преку пошта, во поедини делови на Детроит, се забележани неправилност.

Демократот Џонатан Кинлок, оценил дека ваквата состојба е безобзирана и дека е неодговорно да се потврдат резултатите од изборите.

Избирачкиот одбор се состанал, откако судијата ја отфрлил тужбата на републиканците и сојузниците на Трамп, во која се тврдело дека имало неправилности во броењето на гласовите стигнати преку пошта, затоа што не било најдени докази за тоа.

Демократската гувернерка на Мичиген, Гречен Витмер, изјавила дека претставниците од округот Вејн, ја ставиле надворешната политика, над своите должности. Таа сепак додала дека очекува, изборната комисија да ги потврди резултатите и работата да се заврши.

Адвокатката од кампањата на Трамп, Џена Елис, смета дека ова претставува голема победа за претседателот и вели дека тоа би можело да го отвори патот на републиканците кои се на власт во сојузните држави, да изберат електори, ако изборните комисии не ги потврдат резултатите.

Сепак, малку е веројатно дека ќе се случи вакво сценарио во Мичиген, кое е спротивно на волјата на гласачите, затоа што републиканците и во другите одбори не покажале голем интерес за тоа.

Луѓето одговорни за кампањата на Трамп, досега поднеле шест тужби во Мичиген, но засега не се откриени докази за нерегуларности на изборите.

Share
Scroll to Top