Британката Нери Мојс побарала извинување од сендвичарницата „Сабвеј“ од каде нарачала сендвичи. Кога ѝ ги доставиле, во едниот од нив пронашла нож. Побарала извинување, а од сендвичарницата ѝ рекле дека ќе ѝ одговорат за три дена.
21-годишната Мојсрече дека може да разбере луѓето да имаат лош ден на работа, но исто така дополни дека персоналот треба да биде многу внимателен кога ја подготвува храната.
„Со партнерот бевме гладни. Бремена сум и често сум гладна, па сопругот ми нарача сендвич. Кога го отворив се изненадив. Двајцата бевме во шок“, рече Мојс и додаде дека сѐ уште чека извинување од сендвичарницата.
Таа објасни дека од компанијата „Сабвеј“ добила одговор на „Инстаграм“. Ѝ кажале дека ќе стапат во контакт со продавницата од каде нарачала и дека ќе ѝ одговорат за три дена. Мојс рече дека ѝ е драго што таа го нашла ножот, а не некој друг.
„Замислете да го видеше моето дете, или некој друг тинејџер“, рече таа.