(Видео) Туристички блогер од Србија воодушевен од Охирд: леташе параглајдер, ги посети изворите на Црн Дрим и веслаше кајче

(Видео) Туристички блогер од Србија воодушевен од Охирд: леташе параглајдер, ги посети изворите на Црн Дрим и веслаше кајче

пред 10 месеци

Туристичкиот блогерот Милош Петровиќ од Србија кој има свој јутјуб канал и блог путуј.рс, и постојано објавува интересни факти за дестинациите кои ги посетува, овој пат на неговиот инстаграм профил и јутјуб канал се појави видео за Охрид.

Петровиќ во првото видео раскажува како е полесно од Србија да се дојде до Македонија, односно Охрид. Всушност тој патувал од Белград до Охрид со првата возобновена линија после 7 години.

„Првиот авио лет за Охрид после 7 години. Наместо 8 часа пат со автомобил, за околу час и половина сте во Охрид. Цените на авио картите варираат но може да се најдат по многу поволни цени. Летовите се 4 пати неделно, со што може да комбинирате врој на денови во Охрид како ќе посакате“, вели блогерот од Србија на првото видео.

„Добредојдовте во стариот дел од Охрид кој се наоѓа на самото крајбрежје на Охридско езеро и кој беше нашата прва точка на обиколка. Посебен е по тесните улици, калдрма, бродовидната позиција и тврдината на самиот врв“, вели Петровиќ.

Сите впечатоци од Охрид на српскиот блогер спакувани во видео приказна.

 

Share
Scroll to Top