(Видео) Турист ја турна и ја скрши статуата на Исус во Ерусалим

(Видео) Турист ја турна и ја скрши статуата на Исус во Ерусалим

пред 2 години

Израелската полиција уапси американски турист кој наводно ја сруши и скрши статуата на Исус во црквата во ерусалимскиот Стар град. На видеото од црквата во Виа Долороса, која го обележува последниот пат на Исус пред да биде распнат, се гледа неговата статуа падната на земја.

Полицијата рече дека Американецот е уапсен со помош на чуварот во црквата. „Не можете да имате идоли во Ерусалим. Ова е свет град“, рече мажот кој го совлада.

Од полицијата рекоа дека ја проценуваат неговата ментална состојба и дека штетата која ја направил е сериозна. Отец Никодимус Шнабел од црквата Успесение Пресвета Богородица, го поврза инцидентот со карактерот на израелската влада.

„Добредојдовте во новиот Израел кој мрази христијани и тоа благодарение на охрабрувањето и поддршката од страна на актуелната влада“, рече Шнабел.

Насилството ескалираше во првите недели од мандатот на новата ултрадесничарска израелска влада, во која ултранационалистите и религиозните членови се познати по нивната запалива антиарапска политика.

За потсетување, минатата недела израелски војници во рација на окупираниот Западен брег убија десет Палестинци, повеќето екстремисти и една 61 годишна жена. Еден Палестинец во Источен Ерусалим, во петокот уби седум лица, меѓу кои и едно 14 годишно момче.

Share
Scroll to Top