Турската инфлуенсерка Ајсенур Алтан објави видео на својот YouTube канал за тоа како прави бурек за, верувале или не, 15 минути.
Имено, Ајсенур ја покажа техниката на правење бурек во тава за само 15 минути, а резултатот е крцкаво и лесно јадење без вишок маснотии. Многумина кои го пробале овој рецепт тврдат дека е дури повкусен од оригиналот.
Состојки:
– кора за пита
– 1 јајце
– 1/3 чаша млеко
– 1/3 чаша масло (плус повеќе за подмачкување на тавата)
– 200 г фета сирење или свежо урда (за подобар вкус, предлагаме да ги комбинирате)
– 1 лажичка ситно сечкан свеж магдонос
– прстофат сол
Подготовка:
- Во еден сад измешајте го јајцето, млекото, маслото и прстофат сол.
- Во друг, измешајте го сирењето и магдоносот и добро соединете. Подмачкајте тава, потоа ставете ја кората така што ќе ја покрие самата тава, а потоа ставете збрчкана кора.
- Истурете го филот од јајца, млеко и масло, а потоа ставете уште една збрчкана кора одозгора.
- Потоа намачкајте го филот од сирење и магдонос. Преклопете ги парчињата кора што висат од рабовите на тавата, така што филот е целосно покриен.
- Пржете на ниска температура, додека не поруменат, а потоа свртете го и од другата страна.





