На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледаат стаорци како шетаат во пекара лоцирана во Белград.
Видеото е објавено на Инстаграм, на страницата serbialive_beograd. Пишува дека пекарата се наоѓа на улица Косовска. Врз основа на видеото може да се заклучи дека пекарата не работела во моментот кога стаорците се шетале. Едниот е во витрината со храна, додека другиот стои покрај касата.
Pekara u Kosovskoj. pic.twitter.com/5POgloRbjs
— Arsil (@arsagarson) December 11, 2023
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледаат стаорци како шетаат во пекара лоцирана во Белград.
„Бесплатни протеини“, „Да се провери квалитетот“, „Тука најголем проблем е староста на зградите. Подрумите се полни со стаорци, јас работев со години во таа фирма, можам да кажам дека се грижат за хигиена, но ова е надвор од човечката моќ. На крајот на краиштата, во секој објект за храна има глувци и стаорци, особено таму каде што има брашно. Сликата е ужасна“, се само дел од коментарите.