(Видео) Украинката Мила Кунис собираа 30 милиони долари за да им помогне на бегалците

пред 3 години

Холивудските глумци Мила Кунис и Ештон Кучер, сакаат да соберат 30 милиони долари за бегалците од Украина, а тие самите ќе донираат до 3 милиони долари. Глумицата, која е со украинско потекло, почна кампања преку ГоуФандМи за собирање средства за Украинците кои се раселени од руската инвазија. Тие споделија емотивно видео на социјалните мрежи и кажаа дека се згрозени од руската агресија.

„Денес сум горда Украинка. Иако моето семејство дојде во САД 1991 година, родена сум 1983 година во Чернвитси, Украина. Украинците се храбри и горди луѓе кои ја заслужуваат нашата помош. Овој напад на Украина, но и на целото човештво е страшно. На Украинците им треба нашата помош. Затоа нашето семејство почнува иницијатива со која ќе обезбедиме помош на оние што им треба, а ние ќе дадеме до 3 милиони долари“, велат во најавата.

Ештон додаде дека никогаш не бил погорд што е оженет со Украинка.

„Иако сме сведоци на храброста на Украинците, сведоци сме и на незамисливите маки на оние кои мораа да заминат на сигурно. Ова собирање средства е наменето за бегалците“, додадоа тие во видеото што го објавија.

Share
Scroll to Top