Откако концертите беа откажани поради страв од терористички напад, обожавателите на Тејлор Свифт ги окупираа улиците на Виена каде се дружеа и гласно ги пееја нејзините песни. Тие снимаа и објавуваа видеа на Тикток.
„Плачеме во тишина, но пееме гласно“, напишал еден обожавател.
„Не можат да нè скршат“, напиша еден тиктокер. „Омразата не може да победи“, вели друг фан.
„Вака си ги лечиме раните“, напишала една девојка во своето видео.