Фудбалерот на Бохум, Милош Пантовиќ, постигна гол од половина терен во 97 минута од натпреварот против Хофенхајм во германското фудбалско првенство. Бохум славеше со 2:0, а херој беше Србинот Пантовиќ, кој му се укажа на крајот да дојде до својот гол првенец во Бундеслигата.
FROM HIS OWN HALF IN THE 90+7TH MINUTE ?
Take a bow Milos #Pantovic, take a bow. ?♂️ pic.twitter.com/XYXzeL1zM7
— Bundesliga English (@Bundesliga_EN) November 6, 2021
Во финишот голманот на Хофенхајм истрча во шеснаесетникот на противникот каде се изведуваше корнерот, со цел да направи нешто за да го израмнат резултатот, но топката стигна до Пантовиќ, на кого не му беше многу тешко да ја смести во мрежата.
Пантовиќ беше и асистент на првиот гол за неговиот тим, кој го даде Новотни во 66 минута. Интересен момент од натпреварот беше и пеналот за Бохум, кој не успеа да го реализира нивниот голман Мануел Риман во 76 минута.