(Видео) Фудбалер ја породи сопругата пред зграда

(Видео) Фудбалер ја породи сопругата пред зграда

пред 4 години

Бразилскиот фудбалер Брајан Борхес (24) ја породи сопругата пред зграда, откако таа добила породилни болки и не можеле да стигнат до болница. Породувањето го снимиле безбедносните камери на зградата каде што живеат.

На видеото што го објавија бразилските медиуми се гледа како фудбалерот со сопругата влегува во лифтот, но таа не успеава да стигне до автомобилот. Затоа Брајан ја породил во дворот на зградата, а на помош им дошле неколку соседи. Откако девојката се породила, фудбалерот ги однел неа и бебето во болница.

Двојката има девојче, кое ќе се вика Сесилија. И мајката и бебето се чувствуваат добро, пренесоа локалните медиуми.

Share
Scroll to Top